Раскинат договорот на Шкендија и Агим Ибраими. Вест која деновиве стигна од Тетово, и толку… Фудбалерот кое е најголемото име што излегло од таборот на тетовските „црвено-црни“ си замина само со текст од десет реченици иако лани во зимната беше најавен како најголемото засилување на Шкендија.

А Агим Ибраими не си заминал туку-така… Во Шкендија се најавуваа и многу други заминувања но ете барем засега од оние главните играчи го нема само Агим кој дојде на голема а си замина на мала врата од неговиот матичен клуб.
Што е вистината!? Само неколку часа по заминувањето на Агим Ибраими си замина и тренерот Ернест Џока.
Шкендија зад себе ја имаше најлошата сезона во изминатите неколку години. Тимот кој жнееше титули во Македонија и кој имаше добри настапи на евро-сцената сега е трет во домашниот шампионат а Силекс е пред него и ќе игра во квалификациските кола од Лигата на шампионите.

Сепак в Тетово не е се така „розово“. Дека тоа е така говори и одлуката на Агим Ибраими да крене раце и да бара нов ангажман иако со клубот има договор. По заминувањето на Висар Беџети и менаџирањето на екипата не е на тоа ниво. Агим Ибраими е дете на Шкендија, единствен фудбалер од овој клуб кој бил капитен на Македонија, играл во Лигата на шампионите, Серија А…

Агим бил во Шкендија и кога таму ги немаше овие милиони кои сега ги има клубот. Но ваквите играчи не секогаш може да премолчат и да ги гледаат финансиите пред достоинството и образот! Заминуваат кога гледаат дека за фудбал им одлучуваат луѓе кои се далеку од фудбалот.

Можеби некогаш ќе се дознае вистината…! Но до тогаш Агим Ибраими и Шкендија се на различна бранова должина…