Масимилијано Алегри нема повеќе ништо со Јувентус. Иако официјално не беше на клупата на торинскиот тим, сепак, беше на платен список со оглед дека имаше договор. Но, од денеска веќе е целосно слободен, и може да си бара нов клуб.

Алегри беше сменет на крајот на минатата сезона, и покрај освоената титула во италијнското Калчо. Сепак, неуспехот во Лигата на шампионите го чинеше отказ. Ланската сезона Јуве испадна од Ајакс во 1/4 финалето од ЛШ.

Алегри се споменуваше за неколку тимови, меѓу кои и Арсенал, Манчестер Јунајтед, Барселона…