Перо Антиќ е дел од едно мало друштво кое после 30 години дебитираше во НБА, во најсилната професионална кошаркарска лига за која секој сонува да заигра.

Така Антиќ е во друштво со неколку играчи кои со над 30 години се преселија во НБА, а на таа листа се уште и: Арвидас Сабонис, Антоан Ригодо, Андре Инграм, Пабло Приџони и Марселињо Хуертас.

Антиќ дебитираше во НБА на 31 година и 93 дена, игрјаќи за Атланта. Претходно Антиќ со Фенербахче и Олимпијакос два пати ја освојуваше Евролигата.