Атлетико Мадрид повеќе не го интересира уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани. Ова го пренесуваат шпанските медиуми. Денес завршува договорот на играчот со ПСЖ, по што тој ќе стане слободен агент.

Според „АС“, овој пат „јорганџиите“ не размислуваат за негов ангажман.

Уругваецот беше главната цел на Атлетико во зимскиот преоден рок, но се соочи со многу високи финансиски барања од агентот. Сега главниот кандидат за нов клуб на фудбалерот е Рома.

Во сезоната 2019/20 година, 33-годишниот Кавани настапи на 22 натпревари за ПСЖ, постигна седум голови и забележа три асистенции.