Според одлуката на Владата донесена на последната седница, преставува со важење забраната за одржување спортски натпревари во колективните спортови.

Како што се наведува во соопштението од денешната седница, прифатена е препораката на Комисијата за заразни болести федерациите да започнат со организирање спортски настани со строго почитување на упатствата за натпревари, без публика и со запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите вклучени во натпреварите.