Една од најдобрите македонски фудбалерски изминатите години, која има еден куп титули од домашното првенство, има настапи за македонската репрезетација, како и интернационална кариера, Драгана Костова, следната сезона ќе го носи дресот на ЖФК Прилеп.

Амбициозниот лигаш, се одлучи да ја ангажира Костова во обид следната сезона да биде уште поконкурентен на табелата, и да се обиде да се вклучи во битката за највисок пласман.