Со одлуката на управниот одбор на ФФМ, и прекинот на шампионатот во прва женска фудбалска лига на Македонија за сезоната 2019/2020 екипата на ЖФК Каменица Саса и официјално е нашиот претставник во квалификациите за лигата на шампионите летово.

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за прекин на Прва ЖФЛ на Македонија, а со прекинувањето на првенствотото во Прва ЖФЛ за сезона 2019/2020, се замрзнува табелата заклучно со последното одиграно коло пред 12.03.2020 година.

После 14 одиграни кола, постигнати 13 победи и еден нерешен резултат со 73 постигнати гола и примени само 5 гола, ЖФК Каменица Саса е убедливо најдобриот тим во нашата земја, и заслужено го понесе овој епитет на наш овогодинешн интернационален претставник.

Сега преостанува само екипата од Каменица мирно да се подготви за следните предизвици и да ја дочека ждрепката за квалификацискиот турнир во Лигата на шампионите. Истата е закажана за првата недела од септември, а мечевите кои ќе бидат организирани по турнирски систем се закажани за 7, 10, 13 октомври.