Хасан Салихамиџиќ веќе неколку години е спортски директор на Баерн, и засега добро си ја врши работата. Не дека донесе којзнае какви засилувања, пред се поради тоа што одби неколку играчи, кои сега никако да се најдат себе си во новите клубови.

Така по доаѓањето на Нико Ковач на клупата на „Баварците“, сакал во тимот да ги донесе Лука Јовиќ и Анте Ребиќ. Но, се претпоставува дека токму Салихамиџиќ ги стопирал трансферите на овие двајцата играчи, сметајќи дека не се доволно квалитетни за тимот, и пред се дека ќе можат да донесат незадоволство во тимот. Ребиќ сега е во Милан, но далеку од она што го играше во Ајнтрахт, а Јовиќ, пак, не добива шанса во Реал Мадрид.

Исто така Салихамиџиќ го одбил доаѓањето на стоперот Кевин Фогд. Фогд играше во одлична форма во Хофенхајм, но замина во Вердер со кој и натаму ќе се бори за опстанок.

Исто така Салихамиџиќ го стопирал трансферот и на Еден Азар. Азар требало да заврши во Баерн, но Босанецот сметал дека не вреди за тие пари, и тој замина во Реал Мадрид, но никако да се пронајде себе си.

Единствено што може да се замери на Салихамиџиќ е ноесењето на Лукас Хернандез од Атлетико Мадрид, кој беше платен 70 милиони, а сега сакаат да го продадат.