Ако со нешто ја заслужи довербата кај Џенаро Гатузо, тоа е сигурно желбата за настап, упорноста и пожртвуваноста. Елиф Елмас се почесто е стартер во составот на Наполи, а неговото место во првиот тим на наполитанците не е случајно.

На последниот меч од Серија А лигата против екипата на СПАЛ, освен што имаше една одлична асистенција, Елмас беше буквално на секој дел од теренот. Италијанската Серија А пресмета дека нашиот репрезентативец на овој меч претрчал точно 12,664 километри, што е најмногу од сите кои се појавија во 28. коло од Серија А лигата.

За останатите карактеристики на 28. рунда од италијанскиот шампионат, во видеото подолу.