Името на Давид Тошевски ова лето очигледно ќе биде интересно за повеќе европски клубови. Последните информации од турските медиуми, велат дека последен кој го ставил името на Тошевски на листата на потенцијални засилувања е истанбулскиот великан Галатасарај.

Младиот напаѓач на Работнички влезе во зоната на интерес на Галатасарај, откако новинарите блиски до клубот, почнаа да го споредуваат со Елиф Елмас, кој е добро познат за турската фудбалска јавност откако помина две сезони во дресот на Фенербахче.

Турските новинари за Тошевски велат дека е фудбалер кој според стилот на игра во многу нешта наликува на Диего Коста и Лука Јовиќ, па би можел да биде многу интересно решение за подмладување на нападот на Галата. Сепак, засега е е само во доменот на шпекулации, а допрва се очекува разврска на планот за интернационална кариера на нашиот 18-годишен репрезентативец.