Покрај Бруно Дита, Ералдо Чинари, денеска се шпекулира и со името на Дејви Брегу како еден од оние кои би можеле од Албанија да дојдат во Шкендија во летниот преоден рок. Да дојдат како засилувања за тетовскиот тим и тоа по “налог“ на Илир Даја, кој би требало да го преземе тренерското кормило во Шкендија.

Дејви Брегу е фудбалер на Скендербег, игра како лево крило, а добро за Шкендија, за разлика од Чинари, е тоа што на него му истекува договорот и тој би можел да дојде во градот под Шара како слободен играч.

Сепак за вакви трансфери треба да се почека тоа “ДА“ од Даја, во случај да се официјализира неговиот трансфер деновиве, е тогаш би можело да има нешто и со Брегу, како и со Дита и Чинари.