Само неколку часови откако Фенербахче се огласи и информира дека по пет години соработка и официјално “раскина“ со Луиџи Датоме, Олимпија Милано потврди дека Италијанецот, и еден од најдобрите кошаркарки во Европа, е нивни член. Она што се најавуваше веќе подолго време, тоа и се оствари, Датоме е големо засилување за тимот од Милано.

Исто така се нагласува дека договорот ќе има важност од три години. Кога сме кај Олимпија Милано, да споменеме дека Датоме е четврто ново име во овој летен преоден рок, тука се уште и Малколм Дилејни од Барселона, Кајл Ханјс од ЦСКА Москва и Кевин Пантер од Ц. Звезда. Нема сомневање дека Олимпија Милано во наредната сезона ќе има добар, одличен тим.