Како што се очекуваше, континенталното фудбалско првенство на Африка, познато како Куп на Африканските нации, е одложено за 2022 година. На денешната седница на КАФ, првиот човек Ахмад Ахмад, ја потврди одлуката на членовите на федерациите, што значи дека следното издание на првенството на „црниот континент“ ќе биде во јануари 2022 година.

Првично, КАН беше закажан во Камерун од 9 јануари – 6 февруари, 2021 година, но со оглед на пандемијата со КОВИД-19, КАФ не сакаше да ризикува и ќе го помести настанот за една година.