Кире Лазаров е еден од најплатените играчи кои настапувале за тимот на Барселона во изминатите десет години.

Македонецот во Барселона настапуваше од 2013 до 2017 година и на почетокот заработувал по десет илјади евра месечно за да на крајот од мандатот да биде најплатен ракометар во таборот на каталонскиот клуб.

Лука Циндриќ односно Ласе Андерсен се двајцата единствени ракометари кои земале поголема плата во Барселона од Кире Лазаров. Хрватот месечно заработува 25 илјади евра.