Леванте на крајот од сезонава би можел да го продаде Енис Барди во Арсенал за сума од 25-30 милиони евра. Но, не е само Арсенал заинтересиран, туку има и други клубови.

Инаку Леванте ова лето ќе го продава и Бруно Гонзалез. Според информациите, за него има интерес од шпанските „побогати“ екипи, а Леванте откри дека цената за него е 25 милиони евра.

Така Леванте може по крајот на сезоната да заработи повеќе од 50 милиони евра, а даде само 1,5 милиони. Тоа е сумата која шпанскиот тим ја плати за Барди од Ујпешт, додека Гонзалез дојде како слободен играч и сега може да се каже дека ќе заработи неколку десетици, а вложи помалку од два.