Апелационата комисија за лиценцирање на Кошаркарската федерација на Словенија ја прифати жалбата на Копер Приморска, бидејќи го докажа исполнувањето на задолжителните финансиски критериуми во првиот дел од постапката за лиценцирање на клубот со дополнителни аргументи во предвидениот рок. Копер, кој остана без целиот шампионски тим во последните неколку месеци, ќе може да игра во елитната словенечка лига во сезоната 2020/2021.

Оваа одлука сериозно ги зголемува шансите Приморска да остане и во АБА лигата, што автоматски ќе значи дека МЗТ Скопје А. ќе мора да се задоволи со настап во АБА 2 лигата.