Бојан Миовски и Себастиан Херера предмалку беа промовирани како нови засилувања на тимот на МТК. Новиот унгарски прволигаш летово ги доведе македонскиот младински репрезентативец и колкумбиецот со македонски пасош во своите редови, како засилувања за наредната сезона.

И двајцата вчера отпатуваа во Будимпешта, а веќе денеска се промовирани во новиот клуб.

Миовски  е еден од најдобрите наши млади фудбалери и ова му е прво сениорско интернационално искуство додека пак Херера долгу години настапуваше за тимот на Работнички, а ете сега ќе настапува во Унгарија и како македонски интернационалец, затоа што има македонски пасош.