Она што го најави СПОРТМЕДИА уште пред една недела, еве денеска и се оствари. Имено Илче Петровски, искусниот голман потпиша официјален едногодишен договор со Брегалница. Ова ни го потврдија и луѓето од клубот, кои денеска го имаа последниот разговор со битолачанецот, кој во својата долга кариера има брането за повеќе клубови како Пелистер, Струга Трим Лум, Лабуништа, Гостивар, потоа Јединство Бихаќ и други.

Ова значи дека Брегалница конечно се активира на летниот трансфер пазар. Досега само слушвме за играчи кои заминуваат од клубот, а еве денеска “сините“ го добија и своето прво ново име. Инаку Петровски доаѓа на местото на Давор Талески, кој пак замина во Пелистер.