Манчестер јунајтед се уште е заинтересиран за Џејдон Санчо, но раководството на „црвените ѓаволи“ не е подготвено да издвои повеќе од 50 милиони фунти (55 милиони евра) за овој трансфер, објави „Скај Спортс“ повикувајќи се на свои извори во клубот.

Борусија го процени Санчо на 100 милиони фунти (110 милиони евра) и сопствениците на германскиот бундеслигаш немаат намера да прават никакви отстапки со неговата цена. Извршниот директор на Борусија (Д), Ханс-Јоаким Вацке рече дека ретко кој би се осмелил да ја плати потребната сума за Џејдон, па со тоа како да сакаше да гиз атвори приказните околу неговото заминување ова лето.

Санчо се пресели во Борусија од Манчестер Сити летото 2017 година за 8 милиони евра. Оваа сезона крилниот играч постигна 20 голови и 20 асистенции на 44 натпревари за германскиот клуб.