Напаѓачот на француски Лил, Виктор Осимен пристигна на разговори со Наполи, но неговиот зет го повтори „големиот проблем си расизмот на Италија“ кој на крајот може да го одврати Осимен од трансфер на Апенините.

Се зборува дека Наполи е близу до договор вреден 100 милиони евра кои ќе ги плати за двоецот на Лил, Осимен и Габриел.

Ова попладне, според италијанските портали, Нигериецот слетал во Неапол со својата девојка и агентите. Тие подоцна ќе се сретнат со првите луѓе на Наполи, за да преговараат за личните услови, но агентот на фудбалерот јасно ставил до знаење дека ќе бидат разгледани и не-фудбалските фактори.