По денот поминат во клиниката во Милано на која му беа направени задолжителните лекарски прегледи, вечерва Ашраф Хакими го потпиша договорот со Интер со важност до 2025 година.

Веста ја потврди и новинарот Џанлука Ди Марцио, кој прв го објави пристигнувањето на Хакими во Милано. Мароканскиот репрезентативец се сели од Реал во Интер за сума од околу 50 милиони евра.