Хрватскиот центар Анте Жижиќ е пред враќање во Евролигата. Според последните информации кои доажаат од Хрватска и Шпанија, актуелниот кошаркар на Кливленд е пред потпис со Реал (М).

Жижиќ во текот на оваа недела треба да го потпише договорот со „кралскиот клуб“. Поранешниот кошаркар на Цибона и Дарушафака, излегува од својата трета сезона во НБА лигата со Кливленд Кавалирс, во која одигра само 22 натпревари во просек од 4,4 поени и 3 скока по натпревар.