Ако во сезоната 2018/2019 во ЛШ тимот на Ајакс беше вистински хит, секунди го делеа од финалето и дуел со Ливерпул, се чини дека е веќе готово од тој шампионски тим. Минатото лето Матијас де Лихт се пресели во Јуве, додека Френки де Јонг во Барселона. Додека ова лето Хаким Зијеш веќе има договор в џеб со Челзи, но тоа не е се. Тренерот Ерик тен Хаг најавува дека од тој славен тим, најмалку уште тројца ќе си заминат. А тоа се Дони ван де Бек, кој се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, потоа голманот Андре Онана кој пак имал разговори со Челзи и Аргентинецот Николас Таљафико, кој пак имал неколку понуди.

Штета, таков тим да се распадне,но ништо чудно, таква е политиката на Ајакс. Клубот од Амстердам еднаш во една деценија ќе “извади“ супер генерација која пак ќе ја распродаде.