Во очекување на почетокот на летниот трансфер рок, шпанска „Марка“ состави тим од фудбалери кои ова лето ги завршуваат договорите се своите клубови и можат да се добијат – бесплатно. Секој од овие 11 наведени во „идеалниот тим на фудбалери без договори“ може да биде одлична инвестиција за следната или некоја од наредните сезони. Во услови на пандемија и економска криза која го зафати светот, па и фудбалот, ваквите засилувања веројатно ќе бидат на цена ова лето.  Останува да се види, кој ќе успее добро да се испазари и да ги ангажира во своите редови за новата сезона.