Бројот на заразени со коронавирусот во Европа е во пораст. Во Португалија бројот драматично се зголеми, а УЕФА веќе го договори финалето на Лигата на шампионите во Лисабон од 12 до 23 август.

Иако ситуацијата сега е многу поинаква отколку пред еден месец, Европската куќа на фудбалот вели дека нема промени, планот останува ист.

„УЕФА е во постојан контакт со Фудбалската асоцијација на Португалија и локалните власти. Се надеваме дека сè ќе биде добро и дека ќе биде можно да се организира турнир во Португалија“, наведува извор од УЕФА.

УЕФА ќе мора да се држи до Лисабон затоа што нема друга опција.

„Ние секојдневно ја следиме ситуацијата и ќе се прилагодиме доколку треба“, потврдуваат од Нион.