Ашраф Хакими денеска ќе потпише договор со Интер. Тој во изминатите две години настапуваше за Борусија Дортмунд како позајмен од Реал Мадрид.

Сега италијанскиот клуб се реши да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра, плус бонуси.

Тој денеска истакна надеж дека еден ден повторно ќе се вкрстат патиштата со Борусија Дортмунд.

„Во Дортмунд минав две прекрасни години, научив многу од таму. Сега е ред за нов предизвик. Не можам да заборавам она што се слулуваше во Германија, и се надевам дека еден ден повторно ќе ни се вкрстат патиштата со Борусија“, рече Хакими.