Дали во Казахстан се случи најголемата „коронавирус“ измама, или навистина тимот на Каисар одеднаш оздраве и е подготвен за настап? Ова прашање си го поставуваат сите, откако од овој клуб истакнаа дека десет првотимци и петнаесет членови на младинскиот погок одеднаш се негативни на корона тестовите и се подготвени за настап.

Ова се случува само ден откако тренерот на тимот Стојчо Младенов изјави дека сите горенаведени фудбалери се позитивни, а 24 часа подоцна информацијата е сосема спротивна.

Шампионатот на Казахстан беше под знак прашалник затоа што во доста екипи се појавија зарезени па се бараше и ново одложување, но сепак, првенството нема да доживее нов прекин и ќе започне следниот вторник.