Шкендија се уште не го решила тренерското прашање за следната сезона. Ако е нешто сигурно, барем според нашите информации, тоа е дека Ернест Ѓока нема да ја води екипата. Имено него му е кажано дека Шкендија веќе не смета на неговите услуги. Па така сега Илир Даја, еден од најдобрите тренери во Албанија, инаку моментално стратег на Скендербег, е прв “пик“ на тетовци. Тие веќе оствариле контакти со него, разговарано е и тој има понуда. Начелно е договорено Даја да дојде под Шара, но дефинитивно Шкендија се уште нема “ДА“ од него. Па затоа во наредните неколку денови раководството на нашиот тим ќе го чека тој одговор од Албанија.

Инаку проблемот е во тоа што Илир Даја и да каже “ДА“, тој може официјално да ја преземе Шкендија дури после 29 јули, од причина што тогаш нему му завршуваат обврските кон Скендербег, тогаш завршува првенството кај нашиот западен сосед. А факт е дека на Шкендија и се брза. Кога сме кај Илир Даја да кажеме дека во случај тој да седне на жешкото столче на тетовци, тогаш еден од помошниците ќе му биде Артим Положани. Колку за потсетување, Положани исто така е член на Скендербег.