Капитенот на младинскиот тим на Барселона до 16 години, Марк Хурадо, ќе го напушти шпанскиот тим и ќе се пресели во Манчестер Јунајтед.

„Никогаш не е лесно кога го напушташ тимот кој ти дал се. Барселона е мојот втор дом, но дојде време да кажам збогум. Да се заблагодарам на сите кои беа со мене во овие девет години колку што сум дел од оваа екипа“, рече Хурадо.

Десниот бек е еден од најдобрите играчи на младинските категории на „Каталонците“. Тој е нешто помал од Ансу Фати кој што игра во првиот состав, и Барса изрази желба да му понуди професионален договор, но Хурадо бил решен да замине.

„Марка“ соопшти дека Хурадо веќе ги договорил личните услови со Јунајтед.