Последнопласираниот тим во Серија Б, тимот на Ливорно, се ослободи од 18 играчи за само еден ден. Откако стана јасно дека за овој тим нема спас, се реши да „избрка“ дури 18 фудбалери, иако до крајот на сезоната има уште седум кола.

Со тоа екипата остана со само 11 играчи, и веројатно до крајот на сезоната главната улога ќе ја играат младинци.

Ливорно теоретски има шанси да обезбеди опстанок, но со само 21 бод е „закован“ на последното место и после оваа ситуација сигурно е дека идната сезона ќе игра во Серија Ц. Доколку тимот опстане, односно продолжи да постои.