Интересен податок. Интер од Милано, екс клубот на нашиот Горан Пандев, е рекордер во европски рамки со тоа што дури 111 сезони во низа има настапи во Првата лига, се мисли на италијанската. Интер и Сасуоло, никогаш, ама баш никогаш не испаднале од елитата. Сасуоло влегол за првпат пред седум години и постојано е во елитата. Инаку овие податоци се за клубовите во петте најдобри лиги во Европа.

Втор на оваа листа е Арсенал, со 101 настап во Првата лига во својата земја и тоа во низа. Па потоа следуваат Реал, Барса и Атлетико Билбао со по 91 настап во елитната лига и тоа во низа. Потоа следуваат Рома со 68 сезони, Евертон со 66…

Навистина интересни бројки.

Да дадеме објаснување зошто на врвот на оваа листа на пример ги нема еден Јуве или Милан. Одговорот е затоа што Јуве пред 17 години играше во Втората лига и затоа во низата му се само 13 сезони, додека Милан пред четириесетина години, пред преземањето на Силвио Берлускони играше во понизок ранг.

На табелата долу, екипите кои се означени со сино, никогаш, ама баш никогаш не испаднале од елитните лиги…