Иако во моментов многу се шпекулира со трансфери на Халанд, Погба, Јовиќ, Мане… сепак, многумина заборавија дека некој тим може да направи цела една екипа од 11 играчи кои се слободни летово, односно да ги ангажира како слободни агенти. И тоа тимот е составен од светски прваци со своите селекции како Силва и Геце, потоа тука се и Ибрахимовиќ, Силва, Вилијан, Педро.

На голот на овој тим е Џо Харт. Екс англискиот репрезентативец и член на неколку англиски тимови, е слободен агент откако му заврши договорот со Барнли.

Во одбраната тука се Габриел Меркадо, аргентинецот кому му истече договорот со Ал Рајан, потоа Тиаго Силва од ПСЖ и Јан Вертонген од Тотенхем.

Во средината на теренот слободни ова лето ќе бидат Марио Геце од Борусија Дортмунд, Давид Силва кому му завршува договорот со Манчестер Сити, потоа тука се Вилијан од Челзи, Педро од Челзи, и Лукас Биља од Милан.

Нападот го сочинуваат поранешниот двоец од ПСЖ Единсон Кавани и Златан Ибрахимовиќ кои ќе бидат слободни и може да бидат ангажирани без обесштетување.

Во секој случај ова се искусни и звучни имиња, и доколку сите би се вклопиле во еден тим, тогаш таа екипа би можела да гази, и покрај тоа што големиот дел до овие играчи се веќе во зрели фудбалски години.