Откако му истече договорот со Ренова, Флоријан Кадриу по се изгледа дека нема да се сели од Тетово. Имено како што се шпекулира, офанзивното крило би можело да заврши во Шкендија. Се шпекулира дека тетовските “црвено – црни“ веќе преговарале со Кадриу, кој одигра одлично во сезоната која беше прекината во дресот на Ренова, па можеби од таму и интересот на Шкендија за него.

Сепак се говори и тоа дека прва цел на Кадриу била заминување надвор од Македонија, имало интерес за него од клубови од Турција, Украина, Косово, Албанија.

Инаку Кадриу (24) е некогашен фудбалер и на Шкупи, Работнички,Тирана, Теута, Влазерими Кичево.