Полека, но сигурно се остварува планот на првиот човек на Брегалница Кире Гогов. Новата админстративната зграда што се наоѓа во рамките на Градскиот стадион речиси и да е готова. Апартманите,кои се наоѓаат на вториот спрат, а вкупно ги има 16, се уредуваат и изгледаат одлично, чекаат на играчите.

Сега останува да се уредат и клупските канцеларии, и целата нова административна зграда и официјално да се пушти во употреба.