Во меч од 29. коло на Серија А, Аталанта го совлада Наполи со 2:0 што е нивна седма победа по ред и многу важна затоа што со овие бодови го зацврсти четвртото место на табелата, последното кое води во Лигата на шампионите. Во првото полувреме беше забележан еден неубав момент кога Оспина заработи повреда на главата, па излезе од игра и влезе Мерет.

Само што почна второто полувреме Пашалиќ го совлада голманот на Наполи, а само неколку минути подоцна погоди и Гусенс за конечни 2:0.

Тренерот на Наполи Џенаро Гатузо не сметаше на услугите на Елиф Елмас кој остана на клупата.

Standings provided by SofaScore LiveScore