И тоа може да се случи, иако станува збор за Баерн Минхен, за еден од најголемите клубови во светот. Иако станува збор за германската гордост, а токму на тие германци им се случи несекојдневна грешка, кикс. Имено промоцијата на Лирој Сане била планирана за утре, но арапското издание на интернет старницата на Баерн ги објави прво фотографиите на Сане како позира во новиот дрес на Твитер, без клубот да го потврди трансферот. Тоа предизвикало гнев на челниците на Баерн, па за да не дојде до уште поголем срам, се случила и промоцијата. Можеби затоа чудни се фаците на Румениге, Салихамиџиќ и Кан, и нивните  малку изнасилени насмевки.

Ете тоа им се случи на педантните Германци.