Актуелниот селектор на репрезентацијата на Србија Игор Кокошков, ќе биде наследникот на Жељко Обрадовиќ на клупата на Фенербахче. Значи Србин си замина од Фенер, Србин доаѓа во Фенер. Како што пишуваат турските медииуми, Кокошков и Али Коч ги договориле деталите, останува сега само официјалната промоција. Како што се јавува од градот на Босфорот, договорот меѓу Кокошков и Фенер ќе биде со тригодишна важност.

Да потсетиме дека Кокошков со Словенија како селектор освои злато на ЕП, потоа имаше и искуство како тренер во НБА, па потоа ја презема селекцијата на Србија со цел да дојде до големи нешта со екстра квалитетниот состав во следниот период. Но сега покрај селекторувањето ќе има и задача со водењето на еден од најдобрите кошаркарски клубови во Европа.