Екипата на Вардар пополека го склопува ростерот за идната сезона, а пред да почнат предизвиците во Лигата на шампионите и во домашниот шампионат „црвено-црните“ ќе одиграат неколку пријателски средби. Па така потврдено е учеството на традиционалниот турнир во Кањижа, кој ќе се одржи од 21 до 23 август. Покрај Вардар, на турнирот ќе играат уште ПИК Сегед и Нексе од Нашице.

Инаку подготовките за новата сезона црвено-црните ги почнуваат на 18 јули, а не е исклучена можноста вардарци да играат и на Струшкиот турнир.