Екипата на Хајденхајм се избори за супер позиција во трката по место во Бундес лигата. Вечерва во првиот меч од плеј-офот за билетот за елитната германска лига второлигашот успеа да ја сочува мрежата во дуелот со Вердер и тоа во Бремен. Резултатот 0:0 им дава право да сонуваат за историски пласман во Бундес лигата, а за тоа ќе им треба било каква победа на домашен терен на реваншот во понеделник.

Вердер беше нешто подобар противник но некако се плеткаа кога ќе дојдат пред противничкиот гол. Во финишот останаа и без Мојсандер кој доби црвен картон, па ќе ја немаат неговата помош на реваншот.

Првичната цел на Хајденхајм беше да не изгубат во Времен, па успеаа во тоа.

Да кажеме и ова дека бундеслигашите успеале да победат над второлигашите во 15 од 21 плеј-оф средби од 1982 година или изразено во проценти тоа е 71%. Ќе видиме какви ќе бидат бројките сега.