Падна зделка. Германскиот репрезентативец Лирој Сане е нов играч на Баерн Минхен. Иако имаше договор со Манчестер Сити на уште една година, Сане одлучи да ја побара среќата во друг клуб. Изборот падна на Баерн Минхен.

Вечерва го стави потписот на договор до летото 2025 година. Неофицијално Сити за неговиот трансфер ќе заработи околу 50 милиони евра.