Како и кај нас, така и во Србија коронавирусот беснее. Па така по ФК Црвена Ѕвезда, во која неколку играчи се заразија, денеска офицјнално беше кажано дека најмалку двајца играчи на Партизан биле позитивни. Станува збор за првотимците  Александар Шчекиќ и Никола Лакчевиќ. Во текот на подготовките за одигрување на сезона партизановците беа двапати тестирани, и во двата наврати немаше позитивни. Но потоа следуваше дербито со Ц. Звезда, па финалето во Купот одигран во Ниш, двата меча одиграни со публика, и тогаш стана јасно дека и “црно – белите“ би можеле да се заразат. Таквите најави и се остварија.