Трет меч, и трета победа за нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа на Источноевропскиот шампионат. Лина денеска, исто така лесно како во првите два меча, успеа да триумфира над турчинката Чемре Анил од Турција. Во сетови резултатот беше 2:0 а во гемови пак 6:1 и 6:1. Утре нашата тенисерка ќе има дуел со Бугарката Викторија Томова. Сепак без оглед на резултатот, Ѓорческа обезбеди пласман во вториот дел на овој меѓународен турнир во главниот град на Србија.