Сите оние кои сакаат да го купат новиот дрес на Барселона за сезоната 2020/2021 ќе мора малку повеќе да почекаат.Причината е бламажата на Најк, имено американската фирма буквално се посрамоти. Само што го пуштиле во продавниците, дресовите веднаш биле повлечени, и тоа поради фактот дека биле фалични. Имено, како што пишува каталонски „Спорт“, бојата на дресовите при потење и перење едноставно бледнеела, па така таа серија од новите дресови била практично неупотреблива. Инаку дизајнот на дресот за следната сезона и не е така лош, имено “пругите“ повторно ќе биде вертикални, а ќе бидат раздвоени со жолта боја.