На мечот меѓу Аталанта и Наполи, гостинскиот голман Давид Оспина мораше да го напушти теренот поради тешка повреда во 30 минута. До тогаш тој спаси удар на Папу Гомез, а потоа во дуел со Калдара ја повреди главата од која бликаше крв. После укажаната лекарска помош, беше изнесен од теренот и веднаш однесен во болница.

Ова е втора ваква епизода за Оспина во период од неколку месеци. Претходно истото му се случи на дуел со Удинезе. Да кажеме и за онаа скршеница на носот после дуел со противнички играч неколку денови пред почетокот на Копа Америка 2011.