Фудбалерот на Рома Диего Пероти изјави дека терените во италијанската Серија А се катастрофални и дека тие се причината за неговите чести проблеми со повредите. Аргентинецот оваа сезона одигра само 15 натпревари за римјаните, а вели дека терените во елитната италијанска лига го потсетуваат на оние во вториот ранг на Аргентина.

Терените се катастрофални, играте против Милан и Интер, а теренот е оној како на Депортиво Морон (втора италијанска лига). Не знам дали е тоа до климата или нешто друго, но терените се ужас. Во Шпанија играв против Алмерија која беше во низок ранг и теренот беше перфектен“, рече Пероти.

Аргентинскиот фудбалер вели дека неговиот начин на живот не е одговорен за повредите.

Често се повреди на мускулите. Не се тоа сериозни повреди, заздравувам за неполни месец, но кога се случуваат една по друга едноставно се изморувате. Станува се понапорно како поминуваат годините. Не сакате веќе да одите на рехабилитација, на третмани во клиника или вежбални. Внимателен сум, сигурно некои работи не можам да ги предвидам, но мојот начин на живот нема врска со повредите. Правам се за да ја намалам можноста за повреда и да уживам во секој натпревар“, додава Пероти.