Само што ја освоија толку посакуваната шампионска титула фудбалерите на Ливерпул опиени од успехот се опуштија и вечерва беа демолирани од екипата од која ја превземаа титулата. Манчестер Сити на Пеп Гвардиола го размонтира составот на Јирген Клоп победувајќи го со убедливи 4:0. Уште по првото полувреме се наѕираше победникот кога „Граѓаните“ со головите на Де Брујн од пенал, потоа на Стерлинг и Фоден имаа водство од три гола разлика.

На почетокот на второто полувреме во игра влезе Окслејд-Чембрлејн, но место противничката мрежа тој ја погоди својата за уште поубедлива предност на домашната екипа.  Во последната минута и Ријад Марез погоди но му го поништија голот поради играње со рака.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore