Ждрепката во ракометната ЛШ сакаше во иста група да се паднат Вардар и ПСЖ, колку за потсетување тренер на парижаните е Раул Гонзалез, кој со Вардар ја освои титулата европски првак во 2017 година во Келн.

Шпанецот, кој во Македонија е респектиран како поранешен тренер на Вардар, како некогашен селектор на нашата репрезентација, за клупскиот сајт на ПСЖ, по повод дуелите со Вардар истакна…

Јас сум задоволен од тоа што ќе играме со Вардар. Искрено во Скопје не сум бил одамна. Така да моето гостување ќе биде нешто посебно, ќе можам да се видам со моите пријатели таму. Исто така за првпат ќе водам екипа која ќе игра против мојот некогашен клуб. Искрено очекувам добар прием од јавноста во Македонија. Таа јавност и натаму е позади својот клуб, тешко се победува во Скопје. Атмосферата кога игра Вардар дома е една од најдобрите во светот“ посочи Раул.