Екипата на Реал Мадрид впиша нови бодови во трката по шампионската титула во Шпанија. Вечерва со 1:0 го победи Хетафе и така ја зголеми бодовната разлика на четири бода во однос на најблискиот конкурент Барселона.
Погодокот „Кралевите“ го постигнаа во 80. минута од пенал. Гостинскиот играч Мирамонтес направи груб прекршок во сопствениот шеснаесетник и судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Серхио Рамос.

Хетафе нема „чепнато“ бод на „Сантијаго Бернабеу“ од февруари 2008 година.