Тотенхем и Жозе Мурињо беа немоќни на гостувањето кај Шефилд Јунајтед. „Сабјите“ забележаа убедлива победа од 3:1, а мечот го одбележаа неколку моменти кои го полудија Мурињо. Во 33 минута при 1:0 за домашните на Тотенхем му поништија гол поради играње со рака на Кејн, а потоа Шефилд даде уште два гола и поведе со 3:0. Кејн во последната минута реализира гол што е негов прв после враќањето на терените откако заздраве од повредата.

Токму поништениот гол стана предмет на зборување, а главниот судија Крис Каванаг после консултација со ВАР собара го поништи голот затоа што Лукас играл со рака. Мурињо сметаше дека тоа е чист гол и дека ова е огромна грешка на судиите.

Лукас е фаулиран во таа ситуација и потоа еден од играчите на Шефилд ја шутна топката во раката на играчот на Тотенхем која се одби до Кејн, а тој ја погоди мрежата.