Бранислав Трајковиќ, искусниот српски стопер и Фисник Зука, екс бекот на Ренова, од вчера му се приклучија на составот на Работнички. Да споменеме дека Трајковиќ потшиша за „романтичарите“ уште зимоска, но од познати причини не заигра во тие пет кола од пролетниот дел во минатата сезона. Ова значи дека Србинот всушност ќе биде големото засилување на клубот од Градски парк во одбраната. Фисник Зука од вчера е дел на Работнички, тој откако си замина од Ренова, како што објави СПОРТМЕДИА, веднаш дојде во Градски парк. Прашање е на часови кога “романтичарите“ ќе го промовираат своето ново име.

Кога сме кај подготовките да кажеме дека од утре момците на стратегот Ратко Достаниќ и официјално ќе ги стартуваат истите, се разбира според протоколот направен во време на Ковид-19. Засега ќе се работи во Скопје, а потоа ќе се види дали ќе се остане во главниот град или пак ќе се замине барем на еднонеделни подготовки.